Ејбрахам ја урна Аталанта

Ејбрахам ја урна Аталанта

пред 2 години

Рома ја победи Аталната со 1:0, во 28.коло, во Серија А. „Волчицата“, со оваа победа ја презеде петтата позиција од Аталанта. Двете екипи сега имаат по 47 бода, со напомена дека Аталанта има натпревар помалку.

Победникот на „Олимпико“ го реши голот на Ејбрахам во 32.минута. Аталанта по тој гол ја презеде иницијативата, но не успеа да направи ништо позаначајно пред голот на Руи Патрисио.

Двата тима дуелот го завршија со фудбалер помалку. Во самиот финиш најпрвин беше исклучен Де Рон, а потоа и Мхитаријан.

Share
Scroll to Top