Ливерпул се „созеде“ против Милан, ПСЖ не го победи Бриж, Реал го смрзна Интер

Ливерпул се „созеде“ против Милан, ПСЖ не го победи Бриж, Реал го смрзна Интер

пред 3 години

Дуелот на двата повеќекрати европски шампиони Ливерпул и Милан на „Енфилд“ ни го донесе највозбудливиот натпревар во првото коло од Лигата на шампионите, кој на крајот му припадна на фаворитот Ливерпул со 3:2.

Возбудливо беше и во Манчестер, каде што паднаа дури девет гола во 6:3 победата на Манчестер сити над РБ Лајпциг, додека во Бриж, моќниот Пари Сен-Жермен, ниту со Нејмар-Мбапе-Меси во стартниот состав не успеа да освои три поени, одигрувајќи 1:1. Голови не недостасуваа ниту во Лисабон, каде што Ајакс го „здрви“ Спортинг Лисабон со 4:1.

Голови немаше во Мадрид – Атлетико дома не успеа да го победи Порто (0:0), додека во супер-пресметката на „Сан Сиро“, Реал Мадрид со гол во 90. минута стигна до 1:0 победа над Интер.

На „Енфилд“ беше неверојатно од самиот почеток. Ливерпул со славниот „gegenpressen“ на Јирген Клоп тргна силовито и веднаш дојде во водство преку Трент Александер-Арнолд, пред во 14. минута да биде досуден пенал за домаќините. Мо Салах, сепак, не успеа, кога Мајк Мањан го одбрани неговиот пенал.

Во првото полувреме, Ливерпул имаа 14 удари на голот на Милан, а „росонерите“ само два, но двата влегоа во голот – Анте Ребиќ во 42. минута израмни на 1:1, пред Брахим Дијаз во 44. минута да го шокира домашниот тим. Сепак, Милан немаше сили да изддржи уште едно полувреме. Салах во 49. минута ја поправи грешката за израмнување, пред капитенот Џордан Хендерсон во 69. минута да донесе 3:2 водство.

Во Бриж, ПСЖ беше огромен фаворит против белгискиот клуб, и најави голема победа кога Килијан Мбапе му асистираше на Андер Ерера за 0:1. Меѓутоа, Ханс Ванакен во 27. минута израмни со прекрасен гол. Триото Нејмар-Мбапе-Меси траеше до 50. минута, кога се повреди Мбапе, и тимот на Маурисио Почетино не успеа да даде гол до крајот на мечот.

На „Етихад“, пак, видовме гол-шоу. Кристофер Нкунку постигна хет-трик за РБ Лајпциг, но тоа не беше доволно да се спречи поразот од Сити, за кои стрелци беа Аке, Марез, Кансело, Габриел Жесус и Џек Грилиш, а еден спектакуларен автогол си постигна и Норди Мукиеле.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА А

Бриж – Пари Сен-Жермен 1:1

Манчестер сити – РБ Лајпциг 6:3

ГРУПА Б

Интер – Реал Мадрид 0:1

ГРУПА Ц

Спортинг Лисабон – Ајакс 1:4

ГРУПА Д

Ливерпул – Милан 3:2

Атлетико Мадрид – Порто 0:0

ЛИВЕРПУЛ – МИЛАН

БРИЖ – ПСЖ

ИНТЕР – РЕАЛ МАДРИД

МАНЧЕСТЕР СИТИ – РБ ЛАЈПЦИГ

Share
Scroll to Top