Милан со „покер“ за Лацио и закажување на нова пресметка со Интер

Милан со „покер“ за Лацио и закажување на нова пресметка со Интер

пред 2 години

Милан со 4:0 го декласираше Лацио на „Сан Сиро“ за да се пласира во полуфиналето на Копа Италија, каде што ги чека градскиот ривал Интер, кои вчера елиминираа уште еден римски клуб, Рома.

Рафаел Леао во 24. минута донесе предност за „росонерите“, пред во финишот на полувремето во акција да влезе Оливие Жиру. Французинот, кој во текот на викендот постигна два гола за победа над Интер во дербито, стрелаше во 41. и во 45. минута за на одмор да се отиде со 3:0.

Френк Кеси во 79. минута само ја зголеми мизеријата на Лацио, кои последните денови се во немирни води по протестите на навивачите за стратегијата на клубот и наводното незадоволство на тренерот Маурицио Сари.

За второто полуфинале ќе се борат Јувентус и Сасуоло, односно Аталанта и Фиорентина.

Share
Scroll to Top