Легендите на боксот типуваат – Џошуа или Фјури?

Легендите на боксот типуваат – Џошуа или Фјури?

пред 4 години

Во моментов двајцата најдобри „тешкаши“ во светот ќе ги вкрстат ракавиците годинава и тоа двапати, петмина легендарни боксери веќе ги дадоа своите прогнози.

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури договорија две борби вредни околу 200 милиони фунти, а победникот ќе ги обедини сите појаси во тешка категорија.

Џошуа е сопственик на титулите во ВБА, ИБФ и ВБО верзиите, а Фјури е непоразен ВБЦ шампион.

Последниот кој ги обедини сите титули беше нивниот сонародник, Ленокс Луис.

Своите типувања ги дадоа Мајк Тајсон, Џорџ Форман, Флојд Мејведер, Рој Џонс и Владимир Кличко.

Мајкл Тајсон типува на Фјури:
„Многу интересна борба. Џошуа е мајсторски удирач, но можете да видите како доаѓаат неговите удари, можете да им испратите телеграма. Тоа е рецептот кој води кон катастрофа ако боксувате против Тајсон Фјури“.

И Џорџ Форман типува на Фјури:
„Тоа момче, Фјури, мора потполно да се отвори за да го победите. Ќе бидам искрен, не гледам како би можел Џошуа да го победи. Навистина би купил карта да видам што ќе се случува на оваа борба“.

Флојд Мејведер е неодлучен кога се работи за победникот.
„Двајцата се сјајни борци. Ќе биде интересна борба. Мислам дека поразот на Џошуа му помогна да зајакне. Редовно се слушам со него, се радувам на скорешна соработка“.

И Рој Џонс смета дека Фјури има предност во пресметката.
„Го сакам Фјури до смрт, среќен сум поради него и горд на она што го оствари. Го гледам како број 1 и мислам дека ќе има сјајна борба против Џошуа“.

Украинскиот ас, Владимир Кличко, пак, предност му дава на Џошуа.
„Џошуа е супериорен спортист, сјаен борец, олимписки шампион. Тој е сјајно момче кој носи слика на совршен шампион во тешка категорија. Горд сум што можам да го наречам пријател иако бевме големи ривали“.

Share
Scroll to Top