15 години ова не им се случило на Ливерпул

15 години ова не им се случило на Ливерпул

пред 3 години

Ливерпул не го победија Манчестер јунајтед, во дербито (0:0), но ја продолжија серијата на непобедливост кога се домаќини. Ливерпул немаат пораз на „Енфилд“, во Премиер лигата, на последните 68 натпревари.

Сепак, она што го загрижува Јирген Клоп, е податокот дека неговите фудбалери, на последните три натпревари не постигнале гол, а немаат победа на последните четири натпревари.

На последните три натпревари Ливерпул одиграа 0:0 со Њукасл и Манчестер јунајтед, а загубија во Саутемптон 1:0.

Последен пат ваква лоша серија Ливерпул имале во март 2005 година. Во историјата на Премиер лигата, само два шампионски тима имале ваква лоша низа, Арсенал 1998/99 и Лестер 2016/17.

Ливерпул, по 18.рунди, се наоѓаат на четвртото место во лигата со 34 поени, три помалку од лидерите Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top