Кин удри по Јунајтед: Со Фред и Матиќ ништо од борба за титула

Кин удри по Јунајтед: Со Фред и Матиќ ништо од борба за титула

пред 3 години

Поранешниот капитен, Рој Кин, смета дека на Манчестер јунајтед му недосасува квалитет и креативност во средината на теренот по 1:1 ремито кај Саутемптон, посебно потенцирајќи ги Фред и Немања Матиќ.

Солскјер се реши да стартува со Фред и Матиќ зад Бруно Фернандеш и не успеаја да освојат многу простор, додека Џејдон Санчо влезе во финишот на мечот.

„Има неколку сериозни прашања. Посебно за средината на теренот, нема доволно креативност, квалитет. Јунајтед ќе се разочарани со ремито, но и Саутемптон заслужуваат пофалби. Фред и Мегваер мораат да прават нешто повеќе кога ќе влезе играч кај нив. Наместо да притисне, Фред само пушта нога“, вели Кин.

Share
Scroll to Top