Салихамиџиќ: Секако, го следиме Халанд, не сме аматери

Салихамиџиќ: Секако, го следиме Халанд, не сме аматери

пред 3 години

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ призна дека неговиот клуб е заинтересиран да „украде“ уште еден играч на Борусија Дортмунд, норвешката сензација Ерлинг Халанд.

Сметан за еден од најдобрите млади напаѓачи на денешницата по игрите со Борусија од пристигнувањето од Салцбург во јануари 2020, 21-годишниот Халанд привлече многу европски клубови, меѓутоа Борусија вети дека нема да го продава ова лето.

„Се работи за врвен играч кој цел свет го сака! Секако, и ние гледаме кон него. Да не беше така, ќе бевме обични аматери“, вели Салихамиџиќ за „Спорт 1“.

Share
Scroll to Top