Унаи Емери ќе го купи клубот во кој неговиот дедо е легенда

Унаи Емери ќе го купи клубот во кој неговиот дедо е легенда

пред 3 години

Шпанските медиуми тврдат дека тренерот на Вилјареал, Унаи Емери ќе го купи историскиот шпански фудбалски клуб Реал Унион де Ирун, еден од 10-те клуба кои ја основаа Ла лига и клуб каде што неговиот дедо Антонио е играчка легенда.

Малиот клуб од баскискиот град Ирун во моментов настапува во Сегунда Б, третата шпанска лига и немаат настап во првата лига од 1932 година, а таткото на Емери, Хуан и неговиот дедо Антонио беа голмани во клубот. Антонио Емери е посебно легендарен во Ирун, а е познат и како првиот голман кој примил гол во Примера при 3:2 поразот од Еспањол.

Според „Диарио АС“, адвокатот на Емери, Хозу Рета, заедно со братот на Емери, новинарот Игор Емери преговараат со претседателот на клубот Рикардо Гарсија.

Share
Scroll to Top