Љорис: Ова е голем срам

Љорис: Ова е голем срам

пред 4 години

Капитенот на Тотенхем, Иго Љорис, лут е и разочаран по елиминацијата од Лига Европа. Тотенхем, синоќа во Загреб, доживеаја шокантен пораз од Динамо (3:0). „Мордирте“ со вкупен резултат 3.2 се пласираа во четврт-финалето.

„Разочарани сме. Голем срам е ова. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат за оваа ситуација, срамота е ова. Што да кажам повеќе. Сите сме одговорни, ова е болно“, рекол голманот на Тотенхем.

„Очигледно е дека не сме амбициозни, тимот е огледало на се она што се случува во клубот. Требаше да бидеме менатлно посилни. Не го почувствував тоа на теренот, а кога не сте подготвени, на ова ниво тоа веднаш се плаќа“, дополнил Љорис.

Share
Scroll to Top