Кајри Ирвинг од Бруклин Нетс и Ендрју Вигинс од Голденс стејт Вориорс, изминатата ноќ постигнаа 40+ поени во НБА лигата. Вигинс го предводеше Ворисорс до победа во Мемфис 116:103, додека Ирвинг и покрај брилијантната изведба не успеа да му побезбеди победа на Бруклин во Орландо (113:121).
Во отсуство на Стеф Кари, Вигинс ја презеде одговорноста во тимот на Вориорс. Постигна 40 поени во победата над Мемфис 116:113. Покрај Вигинс кај Вориорс се истакнаа Пул со 25 и Ли со 21 поен, а Дрејмон Грин одигра натпревар во негов стил со само два поени, но и 11 скока и 13 асистенции.
Кај Мемис најефикасни беа Морент и Ален со по 14 поени.
Бруклин Нетс запишаа непланиран пораз на Флорида од Орландо Меџик. Ерон Гордон, кој се поврзува со трејд во Денвер Нагетс, постигна 38, а Еван Фурние 31 поен во победата 121:113. Најдобриот играч на Орландо, Никола Вучевиќ, забележа 22 поени, 14 скокови и осум асистенции.
Кај Бруклин белскаше Ирвинг со 43 поени. Џејмс Харден забележа 19 поени и девет асистенции. Бруклин се уше се без Кевин Дурент.
Резултати:
Бостон-Сакраменто 96:107
Кливленд-Сан Антонио 110:116
Хјустон-Детроит 100:113
Мемфис-Голден стејт 103:116
Мајами-Индијана 110:137
Орландо-Буклин 121:113
Торонто-Јута 112:115
Денвер-Чикаго 131:127
Финикс-Минесота 113:101
Портланд-Далас 125:119.