Чао Квјат, добредојде Цунода

Чао Квјат, добредојде Цунода

пред 3 години

Алфа Таури потврдија дека наредната сезона, втор возач ќе биде, младиот Јапонец, Јуки Цунода. Во италијанскиот тим Цунода доаѓа на местото, на Данил Квјат.

Јуки Цунода има 20 години, се смета за еден од најталентираните возачи на денешницата. Сезоната во Формула 2 ја заврши на третото место во генералниот пласман. Во 2018 година бил шампион на јапонија во Формула 4.

Цунода е првиот јапонски возач што ќе вози во Формула 1 по 2014 година, кога Камуи Кобајаши возеше во Абу Даби.

„Долго време го следиме Јуки. Оваа сезона во Формула 2, покажа микс на агресивност и техника. На тестирањата во Абу Даби забележавме дека брзо учи. Подготвен е да вози во Формула 1“, рекол првиот човек на Алфа Таури, Франц Тост.

Тимски колега на Цунода ќе му биде Пјер Гасли.

Share
Scroll to Top