Марка: Барса нема пари да го купи Халанд, ќе реализира само слободни трансфери

Марка: Барса нема пари да го купи Халанд, ќе реализира само слободни трансфери

пред 3 години

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, шири оптимизам, иако му е јасно дека клубот се наоѓа во тешка финансиска ситуација, пишува „Марка“. Според овој извор, Лапорта мора да го убеди Меси да остане во клубот, а потоа ќе се обиде да ангажира фудбалери чии договори истекуваа по завршувањето на сезоната. „Марка“, тврди дека трансферот на Ерлинг Халанд, во овој момент не е реален.

Барселона, односно Лапорта, веќе го обезбеди Ерик Гарсија од Манчестер сити. Младиот дефанзивец ќе потпише петгодишен договор. Од Сити, во Барселона, најверојатно ќе пристигне и Серхио Агуеро. Аргентинецот е слободен играч и според медиумите во Шпанија неговиот менаџер веќе постигнал договор со Лапорта.

Проблем е што Роналд Куман смета дека Агуеро не му е потребен и дека клубот треба да го донесе Мемфис Депај. „Марка“ пишува дека и Холанѓанецот ќе добие договор од Лапорта.

Наводно, блиску до Барселона е и Жоржињо Вајналдум, кој реши да го напушти Ливерпул.

Наведените фудбалери се слободни по завршувањето на сезоната и без обесштетување би дошле на „Ноу Камп“.

Поради лошата финансика ситуација Барселона не може да работи на трансферот на Халанд. Според „Марка“, за неговиот трансфер треба да се издвојат речиси 150 милиони евра, колку што би изнесувало обесштетувањето, платата и провизијата за менаџерот на Халанд, Мино Рајола.

Во текстот на „Марка“ се наведува дека Барса ќе продава во преодниот рок, на трансфер листата ќе бидат ставени двајца од тројцата најскапи играчи во историјата на клубот Филипе Кутињо и Антоан Гризман, односно Самуел Умтити, Клеман Ленгле, Жуниор Фирпо, голманот Нето, Миралем Пјаниќ, Мартин Брејтвајт, Рики Пуѓ…
На крајот „марка“ открива како би изгледал тимот на Барселна за наредната сезона.

Тер Штеген – Дест, Пике, Гарсија (Араухо), Алба – Вајналдум (Педри), Де Јонг, АнсуФати, Дембеле – Меси, Агуеро (Депај).

Share
Scroll to Top