Данска пријави два случаи со згрутчување на крвта по вакцинирање со „Астра зенека“

пред 4 години

Данска пријави два случаи на здравствени работници со тромбоза и церебрална хеморагија по вакцинирањето со „Астра зенека“, пренесува „Ројтерс“.

Здравствените власти во Копенхаген соопштија дека еден од здравствените работници починал. И двајцата ја примиле вакцината „Астра зенека“ помалку од 14 дена пред да се разболат.

Данската агенција за лекови потврди дека добила два сериозни извештаи без да наведе повеќе детали.