Легендарниот фудбалер на Вардар Мирко Илиевски почина денеска на 83 годишна возраст. Илиевски беше еден од најзаслужните фудбалери за историскиот прв трофеј на Вардар.
Со клубот го освои Купот на поранешна СФРЈ во 1961 година. Тој го носеше „црвено – црниот“ дрес од 1956 до 1964 година.
Илиевски асистираше при првиот, а го постигна вториот гол во победата на Вардар над Вартекс во финалето на купот „Маршал Тито“, одигран на 28 мај 1961 година на стадионот „ЈНА“ во Белград.
Во кариерата има одиграно 325 натпревари за Вардар и постигнато 89 голови. Во 2016 година беше одликуван од Град Скопје со наградата „13 Ноември“ за животно дело и особени заслуги во развојот и унапредување на спортот.