Почина српскиот глумец Феџа Стојановиќ

Почина српскиот глумец Феџа Стојановиќ

пред 3 години

Глумецот Феџа Стојановиќ по долго боледување почина вчера во Белград на 74 годишна возраст. Веста ја објавија од Театарот „Атаље 212“.

Стојановиќ има дипломирано на Факултетот за драмски умеотности во 1973 година. Оттогаш станал член на „Атаље 212“. Работел и како професор на катедрата за глума на Академијата уметност на БК Универзитетот.

Покрај театарските претстави има глумено и во филмовите „Таму и тука“, „Љубов и други злочини“, „Лепа села лепо горе“, „Чарлстон за Огњенка“, „Сироти мали хрчки“, „Мала ноќна музика“ и други.

Стојановиќ има глумено во многу познати серии како „Село гори, баба се чешла“, „Бела Лаѓа“, „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Семејно богатство“, „Кошаркари“, „Мојот роднина од село“ и други.

Добитник е на повеќе престижни награди, меѓу кои наградата „Страхиња Петровиќ“ и „Танхофер“, како и бројни други актерски признанија. Времето и местото на погребот и комеморацијата ќе бидат дополнително објавени.

Share
Scroll to Top