Порто успеа да со победа да го мине тешкото гостување во Портимао. Порто, со два авто-гола го победи Портимоненсе со 2:1.
Овој натпревар го обележа моментот од 68.минута, кога стручните штабови на двата тима спречија тепачка помеѓу тренерите Серж Консеисао (Порто) и Паоло Сержо (Портимоненсе).
Според португалските медуми, меѓу овие двајца паднале „тешки зборови“, а брзата реакција на нивните асистенти, спречила вербалната да се претвори во физичка пресметка.
Главниот судија, Руи Кошта, ги исклучи тренерите.