Сер Френк Вилијамс сакаше возачите да се „мразат“!

Сер Френк Вилијамс сакаше возачите да се „мразат“!

пред 4 години

Поранешниот Ф1 возач, Ралф Шумахер вели дека неговиот поранешен шеф, Сер Френк Вилијамс сакал неговите возачи да се мразат меѓу себе за да го извлечат максимумот на патеката.

Германецот, помладиот брат на седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер, возеше за Вилијамс од 1999 до 2004 година, победувајќи на шест трки и двапати завршувајќи на четвртото место во генерален пласман додека Михаел доминираше. Негови колеги во тимот беа Алекс Занарди, Џенсон Батон, и во последните четири сезони Хуан Пабло Монтоја. Тој потоа се искара со Вилијамс околу продолжувањето на договорот.

„Френк Вилијамс и покрај неговиот огромен успех, беше многу тежок како човек. Воопшто не беше лесно со него за разлика од неговиот партнер Патрик Хед. Со Патрик можеше да се искараш, а потоа да испиеш шише вино заедно. Со Френк беше поинаку, тој никогаш не се спушташе на твое ниво. Кога ќе излезеше пред новинарите, го користеше тоа да те сврти против својата колега. Тој сметаше дека не е доволно да не се сакате со колегата, туку дека треба активно да се мразите. Денешните шефови имаат поинаков пристап кон возачите“, вели 45-годишниот Ралф.

Share
Scroll to Top