Куба започнува вакцинирање со својата вакцина „соберана 2“

пред 4 години

Куба објави дека ќе вакцинира 150.000 работници од првата борбена линија против пандемијата, како дел од последната фаза на клиничкото испитување на нејзиниот водечки кандидат за вакцина против Ковид-19 – „соберана 2“.

Вакцинацијата со „соберана 2“ ќе започне денес и ќе се вакцинира високоризичен медицински и друг персонал, објавија властите, пренесува „Ројтерс“.

„Куба може да имунизира 150.000 луѓе веднаш од Ковид-19, бидејќи испитувањето на третата фаза од оваа вакцина покажува дека е многу безбедна“, напиша на „Твитер“ министерот за надворешна трговија и инвестиции Родриго Малмиерка.

Share
Scroll to Top