Полски новинар го нарече претседателот кретен, му се закануваaт три години затвор

пред 4 години

Популарниот полски писател и новинар може да добие казна затвор од три години затоа што го нарече „кретен“ претседателот Анджеј Дуда во објава на „Фејсбук“ во ноември, напиша „Би-би-си“ во вторникот.

Јакуб Зулчик го обвини Дуда дека не го разбира американскиот изборен процес поради твитот што Дуда му го испрати на Џо Бајден.

Дуда во тоа време не ја призна победата на Бајден со твитот, туку ја чекаше „номинацијата“ на Изборниот колеџ, но ја пофали неговата успешна кампања.

Полска ги криминализира навредите кон државните лидери и религијата.

Откако американските медиуми го прогласија Бајден за победник на 7 ноември, полскиот претседател на „Твитер“ напиша: „Честитки за Џо Бајден за успешната претседателска кампања“.

„Додека чекаме за номинирање на Изборниот колеџ, Полска е решена да го одржи високото ниво и високиот квалитет на полско-американското стратешко партнерство за уште посилен сојуз“, додаде Дуда.

По твитот на Дуда, Зулчик на Фејсбук напиша дека студирал американска политика со голем интерес и дека никогаш не чул за нешто како номинација за Изборниот колеџ.
„Џо Бајден е 46. претседател на САД. Анджеј Дуда е кретен”, напиша Зулчик.

Обвинителите рекоа дека неговата објава е навредлива и неприфатлива.

Зулчик, новинар и писател, рече дека дознал за обвинувањата преку медиумите.

Share
Scroll to Top