„Метла“ во Јуве – само пет фудбалери се „безбедни“!

„Метла“ во Јуве – само пет фудбалери се „безбедни“!

пред 4 години

Според влијателниот спортски весник „Ла газета дело спорт“, само пет фудбалери на Јувентус се „безбедни“ од можната распродажба во текот на летото, а најзначајно Кристијано Роналдо не е меѓу нив.

„Бјанконерите“ се во мини-криза по елиминацијата во Лигата на шампионите, и далечниот Интер во борбата за скудетото, зголемувајќи го притисокот на Андреа Пирло, но и на управата на клубот кој последните девет години доминираше во Италија.

Според „Газета“, управата на Јуве избрала пет фудбалери на кои ќе смета во иднината – Федерико Киеза, Дејан Кулушевски, Матијс де Лихт, Артур и Данило.

Сите други се достапни за вистинска цена, додека дел од нив се блиску до крајот на кариерата, како Џорџо Кјелини и Џиџи Буфон. И покрај тврдењето на директорот Фабио Паратичи дека сметаат на Роналдо, неговата годишна плата од 30 милиони евра по сезона значи дека ако има купувач, тогаш и тој ќе биде продаден. Ако не се најде „јунак“ кој ќе ја плаќа оваа плата, тогаш дефинитивно следува крај за Пауло Дибала, кој покрај тоа што има договор до 2022, нема многу настапи оваа сезона по низата повреди.

Share
Scroll to Top