Катар ги „стопираше“ Аргентинците, сега има надеж и за Хрватите!

Катар ги „стопираше“ Аргентинците, сега има надеж и за Хрватите!

пред 3 години

Катар го изддржа фуриозниот напад на Аргентинците во првото полувреме, за во интересна завршница да ги совлада Јужноамериканците со 26:25 и да ги заддржи надежите за пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Египет, и во исто време да ги остави Хрватите во „живот“.

Аргентина имаше огромно водство во првото полувреме, но Катарците полека се вратија во игра до крајот на полувремето, пред потоа да ја преземат контролата на мечот. Сепак, неизвесно беше до самиот крај, кога Аргентинците имаа шанса со гол да стигнат до реми и до пласман во четврт-финалето.

Сега, последниот патник меѓу најдобрите осум репрезентации на светот ќе се одлучува на мечот Данска-Хрватска во 20.30 часот. Доколку Хрватите успеат да стигнат до победа над првопласираниот тим во групата, ќе се пласираат во четврт-финалето, каде што ќе играат со Шведска. Меѓутоа, доколку одиграат нерешено или загубат, тогаш Катар се пласира понатаму.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 27.01

Данска – Египет

Шведска – Втора група второпласиран

Шпанија – Норвешка

Франција – Унгарија

СП РАКОМЕТ 2021, ВТОРА РУНДА

ГРУПА 1

Бразил – Уругвај 37:17 (18:7)

Шпанија – Унгарија 36:28 (21:14)

Полска – Германија 20.30 ч.

Табела: 1.Шпанија 9, 2.Унгарија 7, 3.Германија 4, 4.Полска 4, 5.Бразил 3, 6.Уругвај 0

ГРУПА 2

Бахреин – Јапонија 25:29 (12:19)

Аргентина – Катар 25:26 (13:12)

Данска – Хрватска 20.30 ч.

Табела: 1.Данска 8, 2.Катар 6, 3.Аргентина 6, 4.Хрватска 5, 5.Јапонија, 6.Бахреин 0

Share
Scroll to Top