Северна Кореја викендов испукала две ракети со краток дострел, тврдат двајца неименувани американски официјални лица.
„Вашингтон пост“ пренесува дека Северна Кореја истрелала ракети откако ја осуди одлуката на Вашингтон да ги продолжи заедничките воени вежби со Јужна Кореја.
Пентагон одби да ги коментира обвинувањата, пренесува „Ројтерс“.
Ова се првите ракетни тестови што Северна Кореја ги спроведе за време на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.