Полицијата во Мјанмар уби девојче што седело во скутот на нејзиниот татко

пред 4 години

Активистите на Мјанмар планираат протести против пучот и тивок штрајк по смртта на седумгодишното девојче убиено во нејзиниот дом во Мандалај, објавија агенциите во средата кога судењето на соборенaтa лидеркa Аунг Сан Су Чи повторно беше одложено.

Семејството Хин Мио Чит за „Би-би-си“ изјави дека полицијата го убила девојчето додека трчало кон нејзиниот татко за време на рацијата во нивниот дом во градот Мандалај.

Демократските демонстранти палеа свеќи преку ноќ откако персоналот на погребалната служба во Мандалај соопшти дека седумгодишното девојче починало од раните од куршум. Таа е најмладата жртва на крвавото спротивставување на пучот, кој започна на 1 февруари.

Војниците пукале во нејзиниот татко, но погодиле девојче што седело во неговиот скут во нивната куќа, изјави нејзината сестра за „Мјанмар сега“. Исто така во областа се убиени и двајца мажи.

Војската немаше директен коментар за инцидентот, но ја зајакнува употребата на сила како што продолжуваат протестите.

Организацијата за заштита на децата „Спаси ги децата“ објави дека повеќе од 20 деца има меѓу десетиците убиени лица.

Share
Scroll to Top