Казни за петмина скопјани кои го прекршиле полицискиот час, еден од нив имал и лажна дозвола

пред 4 години

Скопското Основното јавно обвинителство поднесе предлози за казни против четири лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

За четворицата обвинети јавните обвинители му предложиле на Основниот кривичен суд Скопје да изрече парични казни од по 10 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

За еден скопјанец, пак, поднесено е обвиненеие за кривично дело – фалсификување исправа.

Обвинетиот на 17 март бил затекнат како се движи на улицата „Цветан Димов“ за време на полицискиот час, при што употребил лажна исправа – дозвола за движење на вработен поради континуитет на работниот процес.

Меѓутоа, тој во наведената фирма извршувал работни активности само во периодот од 8 до 16 часот.​

 

 

Share
Scroll to Top