(Видео) Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денеска го слават насилството и режимот

пред 3 години

Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на местото на злосторот, денеска ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно протестира за одбрана на насилството, истакна на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Старо ВМРО-ДПМНЕ, стара песна остатоци од мрачното минато денеска излегоа на улица, го славеа насилството и режимот со истата хушкачка реторика, со истата насилничка кореографија од пред четири години и со прекршување на протоколите за заштита од Ковид-19“, рече Кузеска.

Според неа, Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, Димитар Апасиев, инсталациите на Никола Груевски денеска како што рече застанаа зад насилството, зад осудените лица кои упаднаа во Собрането на 27 за да спречат транзиција на власта и да ја погазат волјата на народот.

„Денеска, Мицкоски кој и самиот беше дел од толпата пред Собранието на крвавиот четврток, застана токму зад овие осудени насилници, застана на браникот на криминалот и насилството. Поддржан од неговите соработници и извршители, Апасив и Бачев, Мицкоски ги реализира нарачките од неговиот ментор во Будимпешта, Никола Груевски. Единствена цел на Мицкоски е да ги одбрани криминалите во редовите на неговата партија и неговиот шеф Груевски“, истакна Кузеска.

Таа смета дека Мицкоски е остаток од режимското минато, потрчко на Груевски и Мијалков кој работи на штета на граѓаните и државата, но криминалот како што рече нема да го одбрани. Според неа одговорност за сите криминали, вклучително и за организаторите на крвавиот четврток мора да има и ќе има.

Share
Scroll to Top