Кога треба да се тренира нема полош играч од Азар

Кога треба да се тренира нема полош играч од Азар

пред 4 години

Еден Азар, во Реал Мадрид е соочен со најтешкиот период во кариерата. Еден од најдобрите фудбалери во светот, во Реал се мачи со повредите, поради последната ја заврши сезоната, а под знак прашалник е и неговиот настап на ЕУРО 2020.

Не е тајна дека Азар не сака да тренира, а тоа го потврдил во едно интервју неговиот поранешен соиграч од Челси, Џон Оби Микел.

„Секогаш кога трениравме тој само стоеше, со нетрпение чекаше да завршиме. Многу е мрзлив, но секоја недела беше најдобар играч на теренот“, рекол Нигериецот.

„Многу пати сум кажал дека тој еден од најталентираните играчи во светот. Има сè, брзина, вештина, сила, техника. Кога сака веднаш е до Меси и Роналдо. Зборуваше дека сака да биде како нив, не како Меси бидејќи го смета за човек од некоја друга планета, но дека може да биде како Роналдо. Тоа го зборуваше, но не тренираше за да биде како нив. Никогаш на тренинзите не сум видел толку лош играч. Беше толку добра на натпреварите, поради што никој не можеше да му каже дека на тренинзите не работи ништо“, рекол Оби Микел.

Share
Scroll to Top