Новата УФЦ ѕвезда ќе тренира со крокодили и ајкули

Новата УФЦ ѕвезда ќе тренира со крокодили и ајкули

пред 4 години

„Пензионирањето“ на Хабиб Нурмагомедов отвори простор за промовирање на нова УФЦ ѕвезда која во наредните години ќе ја носи славата на ММА организацијата.

Еден од оние кои во 2020 година го привлекоа вниманието секако е Хамзат Чимаев. Русинот кој во моментов настапува за Шведска идниот месец ќе започне подготовки за меч во јули и тоа против засега непознат противник.

Неговиот менаџер, Али Абделазис рече дека неговиот клиент е зависник од тренинзи и дека има необична идеја како да се подготви за овој меч.

„Баш неделава разговаравме и ми рече дека има намера да плива со крокодили и ајкули, сака да се движи со овие животни. Тоа е како дел од посебната тренинг програма“ – откри Абделазис.

Share
Scroll to Top