Артета: Од овој натпревар ќе имам кошмари!

Артета: Од овој натпревар ќе имам кошмари!

пред 3 години

И покрај тоа што Арсенал имаше импресивен камбек и се врати од 3:0 за 3:3 реми кај Вест хем со гол во 82. минута, менаџерот на „топчиите“, Микел Артета вели дека мечот ќе му предизвикува кошмари по катастрофалниот старт на мечот.

Арсенал прими три гола за 33 минути, по што успеа да се врати во игра на импресивен начин, но поенот не прави многу во борбата на „топчиите“ за место во Европа.

„Тешко е да се објасни ваков меч. Знаевме дека нема да биде лесно против Вест хем, со кои се мачат сите тимови. Но, неприфатливо е да примиме три гола на таков начин. Потоа го кренавме нивото и можеби игравме најдобро цела сезона, но не смееме да имаме вакви две лица. Овој меч дефинитивно ќе ми даде неколку кошмари бидејќи не можеме да сопреме сами да се повредуваме“, вели Артета.

Лондонски трилер – Вест хем-Арсенал 3:3!

Share
Scroll to Top