Алонсо не е импресиониран од Хамилтон: Тие играат кошарка во поголеми кошеви

Алонсо не е импресиониран од Хамилтон: Тие играат кошарка во поголеми кошеви

пред 2 години

Двократниот светски шампион и поранешен клупски колега на Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо не е премногу импресиониран од викендот на Британецот во Бразил, и покрај тоа што тој успеа да стигне до победа на неделната трка иако стартуваше од десеттото место.

Хамилтон, откако беше казнет, саботната спринтерска трка ја стартуваше од последното место, за да заврши како петти по 24 круга, поминувајќи 15 болиди, за во неделата, да стартува од 10. место и да го победи ривалот за титулата Макс Ферстапен.

Иако многумина сметаа дека ова беше можеби најдобрата трка во кариерата на Британецот, Алонсо вели дека тоа само покажува колку болидот на Мерцедес е супериорен во однос на ривалите.

„Како да играш кошарка, и има еден кош за тебе, и еден за другите. Мерцедес ги освојуваат своите поени во поголемито кош, а ние другите во помалиот. Затоа секогаш губите. Замислите младите деца кои го гледаат како еден болид поминува двајца други на рамниот дел. Така се губи надежта дека може да се стане шампион“, вели Шпанецот, кој беше колега на Хамилтон во Мекларен во 2007 година.

Од друга страна, возачот на Ферари, Шарл Леклер не се согласува.

„Луис има силен болид во моментов, но мислам дека тој успеа да го надмине тоа што е возможно со било кој болид“, вели Леклер.

Share
Scroll to Top