Колхоф и Мектиќ својата прва титула ја освоија на АТП финалето!

Колхоф и Мектиќ својата прва титула ја освоија на АТП финалето!

пред 3 години

Хрватот Никола Мектиќ и Холанѓанецот Весли Колхоф се шампиони во двојки на АТП финалето во Лондон, откако со 6:2/3:6/10:5 во драматичен меч беа подобри од Австриецот Јирген Мелцер и Французинот Едуар Роже-Васлен.

Ова е прва титула на Мектиќ и Колхоф како двојки, до која стигнаа со убедлив прв сет, но и голем пад на формата во вториот сет. Во супер тај-брејкот беше неизвесно до 5:5, пред тие да освојат пет поени во низа за победа.

Share
Scroll to Top