Кадиз ги победи Барса и Реал, но немаше шанси против Селта

Кадиз ги победи Барса и Реал, но немаше шанси против Селта

пред 3 години

Селта Виго стигна до импресивна 4:0 победа над Кадиз, декласирајќи го противникот кој оваа сезона успеа да ги победи и Барселона и Реал Мадрид.

Во неверојатното прво полувреме, клубот од Галиција постигна четири гола, за да ја забележи третата победа во низа и искачување на деветтото место на табелата. Нолито уште во шестата минута ја стресе мрежата на гостите, за во 31. минута, Јаго Аспас од пенал да зголеми на 2:0. Франциско Белтран во 43. минута стрелаше за 3:0, пред Браис Мендез во 45. минута да го комплетира неверојатнoто полувреме.

И покрај поразот, Кадиз останува на седмото место на табелата со 18 поени, еден повеќе од осмопласираната Барса.

Share
Scroll to Top