Боатенг е вишок во Баерн

Боатенг е вишок во Баерн

пред 3 години

Покрај Давид Алаба, Баерн Минхен, во летниот преоден рок, ќе го напушти уште еден долгогодишен член на клубот. Во прашање е централниот дефанзивец Џером Боатенг. 32-годишниот фудбалер нема да го продолжи договорот со Баерн.

Алаба, заминува од Баерн, бидејќи клубот не сака да му ги исполни финансиските барања, додека Боатенг ќе си оди бидејќи не сака да биде резерва.

Недопирлив во централниот дел од одбраната е Николас Зуле, а негов партнер наредната сезона треба да биде Дајот Умапекано. Баерн потврдија дека ќе ја активираат клаузулата од 42.500.000 евра, која ја има фудбалерот во договорот со Лајпциг.

Исто така, Баерн, имале намера поголема шанса во првиот тим да му дадат на талентираниот 18-годишник, Танги Куаси.

Во една ваква ситуација Боатенг би требало да биде резерва, што тој нема да прифати.

Боатенг беше пред заминување од Минхен и во 2019 година, имаше договор со ПСЖ, меѓутоа Баерн бараа 35.000.000 евра како обесштетување, поради што „светците“ се повлекоа од преговорите.

Share
Scroll to Top