Саша Поповиќ сакал да ја врати Вања Кнежевиќ во „Гранд“, пред да ги објави пораките

пред 4 години

Директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ вели дека сакал да ја врати пејачката Вања Кнежевиќ во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, откако таа беше дисквалификувана. Тој вели дека разговарал со еден од членовите на жирито и дека заедно се согласиле да ја вратат.

Се предомислиле, откако Вања објавила пораки со навредувачка содржина за музичкото шоу.

„Ние ја дисквалификувавме, а вечерта ми се јави татко ѝ. Ме замоли да ја вратиме Вања. Кога му реков дека поддржала гнасни пораки, тој се извини во нејзино име и ми кажа дека погрешила. Утредента зборував и со член од жирито и се согласивме да ја вратиме. Но, таа на „Инстаграм“ објави дека „Ѕвездите на Гранд“ се простаклук“, изјавил Поповиќ.

„Среќна сум што завршив со ваков вид на натпреварување и ги исклучија коментарите. Сè ни е јасно. И може да измислуваат лаги за мене. Но, да го лажете народот кој ме подржува“, напишала Вања по дисквалификацијата.

За потсетување, Вања беше претходно дисквалификувана од шоуто заради објавените пораки кои ги добила од нејзините фанови, а кои имале навредувачка содржина кон Јелена Карлеуша, една од членките во жирито.

Пејачката дури се закани дека ќе покрене кривична пријава против Вања, заради заканите кои ги добила таа и нејзините деца.

 

Share
Scroll to Top