Али Абделазис, менаџерот на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов ги пофали боксерските вештини на Џејк Пол и верува дека тој би го победил Ирецот, Конор Мекгрегор.
Пол се надева дека неговата борба против поранешниот УФЦ борец, Бен Аскрин закажана за 17 април ќе биде првата во серијата пресметки со УФЦ ѕвездите што би довело до меч и со Мекгрегор.
Абделазис верува дека Пол има се што би довело до победа против Ирецот.
„Ми се допаѓа малиот Џејк Пол. Знаете зошто? Затоа што е вистински. Верувам дека ќе го претепа Конор и сите негови пријатели од тимот, сите момци“ порача менаџерот на Хабиб.
Влегувањето на Пол во светот на боксот беше проследено со многу критики, но Џејк се чини е нестрашлив и добива почитување, а нешто слично се случи и со неговиот брат, Логан.
„Ми се допаѓаат такви момци, од ништо прават нешто. Му се допаѓаат и на Мајк Тајсон, Мајк е мој пријател“ рече Абделазис.