Потврдена деветгодишната затворска казна за Робињо за силување

пред 3 години

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Манчестер сити, Робињо, доби потврда на неговата деветгодишна затворска казна во Италија за силување од апелациониот суд.

Бразилецот беше осуден уште во 2017 година за неговата улога во наводното групно силување на една албанска девојка во јануари 2013 година, додека беше фудбалер на Милан. Меѓутоа, бидејќи Бразил и Италија немаат договор за екстрадиција на затвореници, тој остана на слобода.

Робињо беше осуден за групно силување вторпат заедно со уште пет луѓе, вклучувајќи го неговиот пријател Рикардо Фалко, и треба да платат отштета од 60.000 евра.

36-годишниот Бразилец постојано тврдеше дека е невин, а во октомври се обиде да се врати во својот клуб од детството Сантош по четврти пат, но неговиот договор беше раскинат по помалку од една недела по спротиставувањето на еден од спонзорите.

Робињо: Жалам што ја изневерив жена ми, ама не сум силувач!

Share
Scroll to Top