Ансу Фати ќе биде најскапото засилување во историјата на Тотенхем?

Ансу Фати ќе биде најскапото засилување во историјата на Тотенхем?

пред 1 година

Барселона сака да го врати Лионел Меси на „Камп Ноу“ ова лето, а за таа мисија најверојатно ќе мора да обезбеди финансии со продажбата на Ансу Фати и на Феран Торес.

Младата ѕвезда Ансу Фати изрази незадоволство од минутажата оваа сезона и најави можно зминување. Интерес за него веднаш покажаа Манчестер Јунајтед и Њукасл, а низата ја продолжи Тотенхем, кој очигледно е најсериозен кандидат за доведување на овој 20-годишен фудбалер.

Лондонскиот клуб бара решенија кога е во прашање офанзивниот дел од тимот. Ришарлисон и Сон потфрлија оваа сезона и не се претставија онака како што се очекуваше од нив, па Тотенхем се сврте да бара нови засилувања.

Изборот падна на Ансу Фати, а медиумите во Велика Британија пишуваат дека тој би можел да стане најскапото засилување во историјата на клубот.

Share
Scroll to Top