Белоти на пат кон „Рамон Санчез Писхуан“

Белоти на пат кон „Рамон Санчез Писхуан“

пред 3 години

Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти кариерата ќе ја продолжи во шпанската Ла Лига.

„Спорт Италија“, тврди дека Торино и Севилја го договориле неговиот трансфер.

Договорот на Белоти со Торино истекува наредното лето, што значи дека овој преоден рок е последна шанса клубот да заработи од неговиот трансфер.

Претседателот на Торино, Урбано Каиро, за напаѓачот бара 35 милиони евра. Со Севилја тој договорил размена со доплата.

Торино од трансферот на Белоти ќе заработи 15 милиони евра и од Севилја ќе го добие крилниот напаѓач Мунир ел Хадади.

Share
Scroll to Top