Кирјос: Можам да победам било кого!

Кирјос: Можам да победам било кого!

пред 2 години

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос планира наскоро да се врати на тениските терени. Пред почетокот на новата сезона порача дека се уште има што да каже.

„Кога ќе излезам, сакам да победам, да биде добро шоу. Истовремено, веќе не го носам тој товар на порази, тоа е само тениски меч и така гледам на тоа. Тоа е мојата перспектива“ изјави тој за „Најн њуз“.

Кирјос ќе игра наредната недела на подготвителниот турнир во Мелбурн кој е замена за турнирот во Бризбејн. Тоа ќе е негово прво натпреварување по САД опен. Сега Австралиецот е 93. на АТП листата, но вели дека е оптимист и дека има доверба во себе.

„Нема врска со кого играм, и понатаму се чувствувам дека можам било кого да го победам. Веројатно сум некој кој одиграл најмалку тенис во изминатите две години. И понатаму имам доверба во својата игра. Ник е многу зафатен со хуманитарна работа во последно време“ рече Кирјос.

Share
Scroll to Top