Турците перфектни и со Норвешка, Хрватите едвај до 3 бода со Кипар

Турците перфектни и со Норвешка, Хрватите едвај до 3 бода со Кипар

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Турција со нова, втора победа во вториот меч од квалификациите за Мундијалот во Катар 2022 година. Настрада Норвешка со Ерлинг Халанд, 3-0 во корист на Турците – меч од групата Г.

Озак Туфан беше најрасположен кај гостинската селекција, со два гола ја донесе победата за својата репрезентација. Првиот гол го постигна на стартот на мечот, во 4 минута, а негово дело беше и третиот погодок за Турција, во 59 минута. Предност за Турците од 2-0 донесе Сончу во 28 минута.

Кај Норвешка црвен картон во 80 минута доби нововлезениот Торствед, а Халанд (играше до 83 минута) не успеа да го најде патот до мрежата на противникот.

Хрватска по старниот пораз во Словенија, вечерва потешко од очекувањата славеше против аутсајдерот во групата Х, селекцијата на Кипар.

Иако Хрватите упатија 17 удари кон голот на гостите, стрелец на единствениот погодок за „коцкастите“ беше Пашалиќ во 40 минута.

Во терминот од 18 часот денеска започнаа уште два меча, па и на двете средби победи славеа домаќините.

Холандија на домашен терен ја совлада Латвија со 2-0. „Лалињата“ по поразот од Турција упатија над 30 удари кон противничкиот гол, но само двапати латвискиот голман ја вадеше топката од мрежата. Стрелци на погодоците беа Бергиус и Де Јонг, во 32 и во 69 минута.

Белорусија во меч од групата Е со пресврт славеше против Естонија, 4-2.

Гостите имаа водство од 0-1 и 1-2 (стрелец на два гола беше Аниер) , но Белорусите со двата гола на Лисакович, и погодоците на Кендиш, односно Савитцки ги запишаа стартните 3 бода.

Share
Scroll to Top