Во Португалија, сите медиуми се согласуваат дека на нивната фудбалска репрезентација им е направена неправда со поништувањето на голот на Кристијано Роналдо во 93. минута од 2:2 ремито на гости кај Србија, но дел од критичарите се свртеа контра Роналдо откако тој ја фрли капитенската лента по крајот на натпреварот.
Поранешниот португалски репрезентативец Фернандо Меира вели дека е неприфатливо да се фрла капитенската лента.
„Да, јасно е дека тоа беше гол, но Роналд не смее да ја фрла капитенската лента така лесно. Неговата реакција и фрустрација е оправдана, но не е прифатливо капитен на националниот тим да се однесува така. Капитенската лента не смее да е на подот и да одиш во соблекувалната додека тече мечот. Не му прилега на таков фудбалер“, вели Меира.
Српските фанови пак, ја заддржаа смислата за хумор, и на веб-сајтовите за купопродажба се појави лажен оглас со капитенската лента на Кристијано Роналдо (оставена на „Рајко Митиќ“) за ситни 1.000.000 евра.
Cristiano Ronaldo walked off the pitch before the final whistle at the end of the Serbia-Portugal game, and threw his captain’s armband in frustration after he was denied an injury goal winner. pic.twitter.com/QmY0YCQFJP
— Global Watch Football (@gwfootball_) March 28, 2021