Светски лидери: Потребен е глобален договор против пандемија

пред 4 години

Неопходен е глобален договор за да се заштитат земјите од пандемијата на коронавирусот, објавија денес водечките светски лидери.

Во заедничкото писмо, чии потписници се, меѓу другите, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, претседателот на Франција Емануел Макрон, канцеларката на Германија Ангела Меркел, се предупредува дека никој не е безбеден сè додека сите не бидат безбедни, објави „Гардијан“.

На светот му треба глобален договор за борба против пандемијата за да ги заштити државите по пандемијата, а договорот би бил сличен на оној склучен по Втората светска војна, рече Борис Џонсон, а и некои други ликери веруваат во истото.

„Поради ескалацијата на меѓународните тензии околу набавката на вакцини, ги повикуваме државите да стават крај на изолационизмот и национализмот и да создадат нова ера во која ќе преовладуваат принципите на солидарност и соработка“, стои во писмото, зад кое стојат 24 држави.

Share
Scroll to Top