Нови земјотреси утрово во Петриња

пред 3 години

Земјотреси од 3,5 и 4,2 степени според Рихтеровата скала беа регистрирани утрово во Петриња, во Хрватска.

Првиот потрес од 3,5 степени беше почувствуван и во Загреб.

„Се чувствуваше силно, но за среќа беше кратко, траеше 5 секунди“, коментираат корисниците на ЕМСЦ.

Подоцна, околу 7.50 часот се почувствува уште еден посилен земјотрес, со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, јави Индекс.

По разорниот земјотрес што ги уништи Петриња и околните области на 29 декември, земјата сè уште постојано се тресе.

Share
Scroll to Top