Дaнска превентивно ја повлекува од употреба вакцината на „Астра зенека“

пред 3 години

Данските власти издадоа соопштение за привремено повлекување од употреба на вакцината на „Астра зенека“ како мерка на претпазливост, бидејќи кај некои пациенти се појави згрутчување на крвта кратко по вакцинацијата.

„Овој потег доаѓа по извештајот за сериозни случаи на згрутчување на крвта кај луѓето вакцинирани со вакцината на „Астра зенека“, изјавија данските власти, пренесува АФП.

Тие додадоа дека во моментот не е позната поврзаноста помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта, но дека истрагата е во тек.

Share
Scroll to Top