Полска министерка: Земјите кои плаќаат гас во рубли треба да бидат казнети

пред 2 години

Полската министерка за животна средина изјави дека земјите кои плаќаат руски природен гас во рубли треба да бидат казнети, јави Анадолија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Унгарија, Австрија и Германија ги блокираат руските санкции и се надевам дека Европската комисија ќе ги смета тие земји одговорни“, рече таа, мислејќи на плаќањето за гас во руска валута.

Коментирајќи го руското намалување на природниот гас, таа рече дека она што недостасува се целосните санкции против рускиот гас.

– Со ова ќе се решат сите проблеми со Гаспром, тоа е она што го очекуваме – посочува таа.

Таа нагласи дека гасоводот, познат како „Балтичка линија“, со годишен капацитет од 10 милијарди кубни метри, кој ќе транспортира норвешки гас во Полска, ќе биде пуштен во употреба во септември.

Полската јавна енергетска компанија PGNIG SA објави дека Гаспром го прекина снабдувањето со гасоводот Јамал на 27 април.

Share
Scroll to Top