(Видео) Полугол и бос, со нож во раце напаѓал луѓе во Осло, полицијата го убила непознатиот маж

пред 2 години

Непознат маж кој нападна луѓе на улиците на Осло е убиен од полицијата, се вели во соопштението на властите.

Норвешките медиуми објавија видео од наводниот напаѓач, гол од половината нагоре и бос, со нож во рацете.

Полицијата соопшти дека има повеќе од една жртва и не даде дополнителни информациии за нивната состојба.

Тие додадоа дека патролното возило добило пријава во областа Бислет во северно Осло и дека полицајци влегле во зградата за да го спречат напаѓачот во неговите намери.

Напаѓачот потоа нападнал полициско возило и успеал да ја отвори и вратата, изјави полицискиот портпарол Торгеир Бренден.

Тој рече дека кон мажот биле испукани неколку истрели, но не прецизираше дали полицијата отворила оган од автомобилот.

Полициско возило прво удрило во напаѓачот, а потоа бил застрелан.

Тој итно бил пренесен во блиската болница, каде што починал.

Медиумите потсетуваат дека ова е втор напад во последно време во Норвешка. Пред еден месец, маж вооружен со лак и стрела и нож, уби пет лица во мал град југозападно од Осло.

Share
Scroll to Top