Во Унгарија повеќе од 300 починати за еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

пред 4 години

Унгарија вчера регистрираше 6.700 нововозаразени и 302 смртни случаи поврзани со коронавирус, што е најголем дневен биланс од почетокот на пандемијата.

Унгарија има 10 милиони жители, а веќе неколку дена има најмногу починати на ден по глава на жител во светот, соопшти Универзитетот „Џонс Хопкинс“, пренесува „Ројтерс“.

Здравствениот систем е под силен притисок, предупреди владата, и покрај вакцинациите кои веќе опфаќаат една петтина од населението, со што земјата се најде меѓу најбрзите во Европа.

Во болниците има 12.000 луѓе , од кои 1.492 се приклучени на апарати за дишење.