Напад со нож врз полицајка во Франција, напаѓачот во бегство

пред 3 години

Полицајка од Нант во Франција е сериозно повредена откако маж ја прободел со нож.

Според полициски извори, човекот утрово влегол во комуналната полициска служба и ја нападнал полицајката, прободувајќи ја неколку пати со нож.

Полицајката е сериозно повредена, а по напаѓачот кој избегал активно се трага. Во потрагата учествуваат 80 полицајци, како и хеликоптер.

Автомобилот на осомничениот бил пронајден паркиран во градот, па се претпоставува дека тој побегнал пеш.

Share
Scroll to Top