Пензионираниот генерал Ристо Дамјановски почина од компликации со Ковид-19

пред 4 години

Професор-доктор Ристо Дамјановски, генерал-мајор во пензија, по кратко боледување, на 83-годишна возраст ја загуби битката со корона-вирусот, информираат од Генералштабот на Армијата.

Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 1994 година, генерал-мајор Дамјановски, кој ја имаше и титулата професор-доктор на воено историските науки, има извршувано повеќе највисоки воени, наставни, политичко -партиски и општествени функции.

Беше член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана и министер за одбрана во првата експертска Влада во периодот 1991-1992 година.

Во текот на својата воена кариера, како потврда за неговата професионалност во службата, добивал повеќе признанија, пофалби и други стимулативни мерки.

Меѓудругото, добитник е на наградата „4-ти ноември”, највисокото општествено признание за значајни остварувања во општествено-политичкиот живот и посебен придонес за развојот на општина Битола и државата, а одликуван е и со орден на Народната армија со златен венец, орден на трудот со златен венец, орден за воени заслуги со златни мечеви и многу други.

Автор е на книгата „Востаната Македонија” во 2001 година, а објавил и преку 50 научно-стручни трудови во рамките на двата Универзитети на кои бил професор, Друштвото за наука од Битола, Институтот за Национална историја, МАНУ како и поголем број колумни со воено-политички, историски и други содржини, објавени во во низа стручни списанија и во дневниот печат.

Во пензионерските години генералот Дамјановски остана активен допринесувач во полето на одбраната и беше член на здружението „Клуб на генерали“ .

Share
Scroll to Top