Realme GT Neo е официјално претставен, а пристигнува со Dimensity 1200 чипсет и необичен дизајн на задната страна. Телефонот е речиси идентичен со моделот Realme GT 5G, вклучувајќи ги димензиите, камерите и екранот.
GT Neo користи 6,43-инчен Super AMOLED екран со punch-hole отвор. Резолуцијата на екранот е Full HD+ и има поддршка за брзина на освежување од 120Hz.
Споменатиот 6nm Dimensity 1200 чипсет на компанијата MediaTek е комбиниран со три опции за RAM меморија: 6GB, 8GB и 12GB и две опции за складирање UFS 3.1: 64GB и 128GB.
Кога станува збор за камерите, Realme GT Neo има 64MP главен сензор на задната страна, 8MP ултраширок и 2MP макро сензор. Од предната страна се наоѓа камера од 16MP.
Капацитетот на батеријата изнесува 4500mAh, а поддржува опција за полнење до 50W. Интересно е што во пакувањето на телефонот ќе биде понуден 65W полнач, како кај GT 5G моделот.
Realme GT Neo пристигнува во Fantasy Gradient, Geek Silver и Hacker Black варијанти на бои, а од старт го користи Realme UI 2.0, кој е базиран на Android 11.
Телефонот е ориентиран кон гејмерската популација, а Realme го опреми со течно ладење и две графитни плочи за дополнителнаспроведување на топлината.
Realme GT Neo дебитираше во Кина, каде се нуди по цени помеѓу 275 и 365 долари, во зависност од капацитетот на меморијата и просторот за складирање (6/128 GB, 8/128 GB или 12/256 GB).