Здружението на новинари на Македонија информира дека за вакцинација може да се пријават новинари и медиумски работници кои се над 40-годишна возраст.
Рокот за пријавување е вечерва до 20 часот.
За вакцинација може да се пријават хронично болни новинари и медиумски работници или новинари и медиумски работници кои се на возраст над 40 години, кои се најизложени на вирусот (работат на терен или имаат чести студиски снимања).
Во врска со терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат контактирани од претставник на Министерството за здравство или од претставник од новинарските организации.
Останатите новинари и медиумски работници кои не се опфатени во оваа група ќе бидат опфатени во втората фаза на вакцинација која е најавена за крајот на април.